Успешно реализиран првиот уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола соопшти дека успешно е реализиран првиот уписен рок за студенти бруцоши во новата академска 2014/2015 година, и притоа се евидентирани вкупно 1.307 кандаидати за сите високообразовни институции на овој Универзитет.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола огласи 3.665 слободни места за упис на три категории студенти, односно 2.155 во државна квота, 970 во квотата за кофинансирање и 540 слободни места за вонредни студенти, а за прв пат се вршеше упис и на новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии.

– Во првиот рок уписен рок се евидентирани 1.307 кандидати или околу 36 отсто од вкупниот број слободни места. Споредено со минатата година, интересот за упис во првиот уписен рок е идентичен, ние сме задоволни и е во рамките на очекуваното. Во вториот уписен рок кој ќе се организира на 1 и 2 септември места за студирање има на сите високообразовни институции, изјави проректорот за настава Сашо Атанасоски.

Во новата академска година Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола продолжува со проектот на Владата на Република Македонија „30/35“ за стекнување на високо образование за возрасни и оваа дополнителна можност ќе се остварува со 70 слободни места, на две универзитетски единици, односно на Техничкиот факултет и Високата медицинска школа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола