А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Успешно изведени тешки операции во ГОБ „8 Септември“ со помош на хирургот МекФејџн

by А1он19/09/2013 - 15:183481
Share0

Четиринаесет комплицирани операции успешно се изведени во Градската општа болница „8 Септември“ со помош на еден од многу познатите дигестивни хирурзи во САД, проф. д-р Брус МекФејџн од Универзитетот на Тексас, Медицинско училиште Хјустон. Престојот на доктор Фејџн е дел од проектот на Министерството за здравство за престој на реномирани специјалисти од САД во јавните здравствени установи.

Добивај вести на вибер

Неговиот ангажман главно е насочен на работа во ГОБ „8 Септември“ во периодот од 11 до 22 септември, каде секојдневно работи во операциска сала за дигестивна хирургија и во амбулантата. Паралелно со тоа се предвидени и контакти и работа заедно со специјалисти и професори од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“.

Министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети ГОБ „8 Септември“, изјави дека за пет дена заедно со хирурзите се изведени 14 операции, меѓу кои имало неколку многу сложени интервенции, а една од нив траела дури шест часа.

– Очекувам дека она што се прави тука со доктори од САД потпомогнати од проектот со Линка крос кој го имаме, ќе има сериозно позитивно влијание на нивото на квалитет на здравствена заштита во Македонија, а особено во ГОБ „8 Септември“ која од ден на ден се повеќе се развива и добива едно од најзначајните места во здравствениот систем во државата, рече Тодоров.

Она што сакаме тука да го постигнеме, посочи министерот, е да поставиме еден многу висок стандард на квалитет на функционирање, на знаење и на вештини на докторите кои работат во таа здравствена установа.

Тој му се заблагодари на доктор МекФејџн затоа што несебично се вградува во развојот на македонското здравство, помага во пренесување знаења, вештини и ставови на неговите колеги во Македонија и со тоа овозможува државата да чекори напред не само во делот на хурургијата, туку генерално и на целото здравство во земјата и во регионални рамки.

Доктор МекФејџн рече дека е задоволен од неговиот престој и од работата со хирурзите. Тој посочи дека има добра опрема во болницата.

Дигестивниот хирург во ГОБ „8 Септември“, Гордана Божиновска Беака истакна дека многу е добро што толку искусен дигестивен хирург престојува во болницата.

– Секој ден беше во сала со нас. Секогаш има некои ситни работи кои ја чинат операцијата да биде голема, а тоа може да се научи од професорот. Направени се операции на воспаленија на жолчните патишта, на панкреас, карциноми на дебело црево, желудник итн., рече Божиновска Беака.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Сашо Стојчев изрази надеж дека проф.д-р МекФејџн ќе дојде повторно и оти тие бараат да престојува две недели за да има поголема едукација и на помладиот кадар.

Во рамки на проектот на Министерството, кој се реализира од септември до ноември во јавните здравствени установи ќе пристигнат околу 25 специјалисти од различни специјалности, вклучувајќи дигестивни хирурзи, специјалисти по адултна и педијатриска ургентна медицина, гинеколози, кардиолози, невролози, педијатри, анестезиолози, офталмолози, радиолози, онколози, неонатолози, патолози, експерти за здравствени системи.

Тие специјалисти, како и оние во првата пролетна фаза, ќе бидат распоредени во различни јавни здравствени установи на терциерно и секундарно ниво според нивната специјалност: универзитетските клиники, клиничките болници, општите болници.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:20

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Горан Наумовски11/08/2025 - 15:20

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Горан Наумовски07/08/2025 - 15:22

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен