Успешен третиот обид на Левица за надзорна расправа за Кочани

Од:

Ја известуваме јавноста дека на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев – беше усвоена иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од Левица! И овој пат, пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ координирано се обидоа да го опструираат Барањето за надзорна расправа и истите воопшто не присуствуваа на комисиската седница, велат од Левица.

„Ваквиот деструктивен обид на владејачкото мнозинство беше неуспешен, затоа што во овие случаи важат посебни деловнички одредби и беше искористена деловничката можност Одлуката за надзорна расправа да се донесе со најмалку ⅓ од гласовите на членовите на Комисијата.

Ова е трет обид на пратеничката група на Левица за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани, откако претходните два обиди беа опструирани од владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, кои очигледно имаат тенденција секоја дискусија за “дискотеката на смртта” да ја угушат.

Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори за сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија, каде очигледно се штитат лица кои се во тесни партиски врски со владејачката партија. Не може власта да говори за неселективна истрага, додека институциите во континуитет постапуваат само под силен притисок на јавноста!

Левица, како единствена анти-естаблишментска партија која никогаш не учествувала во креирањето на еден систем кој убива, во изминатите три месеци постојано ги обелоденуваше сите обиди на власта да ја заташка истрагата и да ги спаси од прогон нејзините корумпирани кадри.

Сметаме дека ваква надзорна расправа мораше изворно да биде иницирана токму од власта, наместо да одржува владини трибини зад затворени врати, во моменти на длабока емотивна потресеност кај сите граѓани. Одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани е политичка должност пред јавноста, со цел ниту еден поединец кој дозволил да работи дискотеката на смртта да не биде амнестиран од одговорност. Левица ќе продолжи да се бори против сите насилнички обиди на власта да ги загуши барањата за отчетност и крикот за правда за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица