Усогласен единствен пристап кон изготвување на документ за долгорочна развојна стратегија на Македонија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП и Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија, а во однос на процесот на изготвување на „Национална развојна стратегија“.

На состанокот се постигна согласност и синхронизација на преземената иницијатива од страна на претседателот Пендаровски „МКД2030“ со процесот на креирање на „Националната развојна стратегија 2021-2041“.

Процесот ќе биде заснован на принципите на национална сопственост, широка консултација, интегрирање на постоечките процеси за интеграција во ЕУ и Агендата 2030 и иновативност.

„НРС 2021-2041“ и „МКД2030“ претставуваат единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање, следење и надградување, во коj се и ќе продолжат да бидат вклучени претставници од сите сегменти во општеството.

Оперативната структура на процесот ќе обезбеди вклученост на највисоко политичко, административно, научно, бизнис и општествено ниво, ќе ја води Национален совет за развој, со кој ќе претседава претседателот на државата.

Во овој совет ќе учествуваат и претседателот на Владата и претседателот на Собранието, партиски координатори во Собранието, како и претставници од академијата, бизнисот, работниците, невладиниот сектор и младите.

Првата фаза од креирањето на овој стратешки документ ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје, со техничка поддршка од страна на Организацијата на Обединетите нации преку УНДП, а ќе резултира со методологија и оперативна структура која ќе се примени при развивањето на стратегијата, што ќе претставува втора фаза на проектот.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата