Условна затворска казна за демонстрантот кој учествуваше на протестите против аболицијата на Иванов

Од:

19-годишниот Борјан Е. доби три месеци условна казна затвор, ако во наредната година направи друго кривично дело.

Борјан е демонстрантот кој учествуваше на протестите против аболицијата од Ѓорѓе Иванов.

Тој го признал делото и се спогодил со обвинителството.

Ова е прва пресуда по поднесените кривични пријави за демонстреантите кои ја демолираа канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје.

Веднаш по нејзиното изрекување притворот за осудениот е укинат.

Во четврток треба да продолжи судењето за членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски – а во петок судењето за Филип Наковски и Никола Аризанов, сите обвинети за кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Сите четворица сè уште се наоѓаат во куќен притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите