Условна казна затвор за коментар со омраза напишан на Фејсбук страната на ЗНМ

Од:

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението за случајот каде од профил на Фејсбук, именуван како „Сашо Митев“, е напишан коментар под објава на фејсбук страната на ЗНМ.

– Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело, се вели во соопштението од ЗНМ.

Лицето Сашо Митев на Фејсбук страната на ЗНМ на 28 јули 2021 година напишал вулгарен коментар со омраза. ЗНМ за овој коментар на 16 август 2021 година поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат па компјутерски систем и за предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

-Во барањето за кривично постапување од ЗНМ се аргументира фактот дека ваквите коментари претставуваат кривично дело, но и дополнително се укажува дека преку нивна евентуалната неказнивост се отвора простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите што може да резултира и со насилство, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада