Условена препорака за Македонија со договорот од Пржино

Од:

Македонија доби по седми пат препорака од Европската комисија за отворање на преговори со ЕУ но овој пат таа е условена со примена на договорот од Пржино и спроведување на реформите по препораките на ЕК.

Хан изјави дека прислушувањето во Македонија покажало дека има корупција и дека има мешање на политиката во институциите што му прави штета на политичкиот систем.

– За напредокот постигнат досега, спроведување на договорот од јули е важен и Европската комисија предлага отворање на преговори со Македонија под услов да се спроведе јулскиот договор и итно да се почне со реформските мерки препорачани од ЕК. Понатака со ова прашање ќе се бавиме по парламентарните избори на пролет идната година, соопшти Хан пред европратениците.

Според еврокомесарот, Македонија има високо ниво на усогласеност со европското законодавство, но се покажало дека политичкиот состав е загрозен поради политичкото мешање и корупцијата.

– Во јули се постигна политички договор, каде посредуваа европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и тоа на најдобар начин донесе решение на политичката криза. Политичките лидери во земјата мора да се свесни кои се приоритетите за итни за реформи. Потребно е да се доврши и реформа на Охридскиот договор, а дополнителни мерки за доверба се потребни меѓу етничките заедници, додаде Хан.

Седницата пред АФЕТ на Европарламентот се уште трае со прашања и настап на европратениците, а комесарот Хан во 12:30 часот на прес-конференција во Европската комисија исто така јавно е ги претстави извештаите за прогресот во евроинтеграциите на земјите од процесот на пристапување.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини