Уште три македонски возила оштетени во Грција

Од:

Три нови случаи на оштетувања на возила беа пријавени од македонски државјани кои престојувале во Грција и кои вчера се враќаа во Македонија, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 53 случаи.

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Богородица“, А.Т. од Скопје, која управувала патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, пријавила дека во туристичкото место Неа Врасна возилото и било испишано со црвен спреј, односно и биле прикриени ознаките МК на предната и задната табличка, а биле испрскани и предното и задното лево крило, како и задниот браник. Оштетувањето го пријавила и во грчката полиција, но за тоа не и била издадена потврда.

Во вториот случај, на граничниот премин „Богородица“, Ј.С. од Гевгелија, кој управувал патничко возило „киа“, со гевгелиски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Потидеа му била одземена предната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Во третиот случај, на граничниот премин „Богородица“, С.Т. од Струмица, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Потидеа му била одземена задната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Со овие три новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 53 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 53-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 37 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени двете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со шест кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега достигна 13 случаи.

Од вкупниот број случаи – 34 се пријавени од македонски државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Дваесет и седум од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Би можело да ве интересира

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Грција ќе забрани анонимност на социјалните мрежи

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци