Уште шестмина приведени за убиството во Мала Речица

Од:

Се шири истрагата за вчерашното убиство во тетовската Мала Речица, кое што се случи во близина на седиштето на Демократската унија за интеграција.

Како што неофицијално дознава „Макфакс“ во текот на денов се приведени уште шест лица поврзани со вооружениот инцидент во кој беше убиен Наип Реџепи, а две лица се повредени.

„Шест нови лица денеска се обезбедени. Известен е надлежниот јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, потврдуваат извори од истрагата.

Четириесет и шестгодишниот Наип Реџепи од селото Белановце, општина Липково, почина во Клиничката болница Тетово откако им подлегна на повредите здобиени во престрелката во Мала Речица. Во инцидентот е повреден Флорим Мисини (22) од кумановското село Черкези, кој е хоспитализиран на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Тој има потешки повреди од прострелна рана.

Четириесет и едногодишниот С.Р.(41) од селото Белановце, општина Липково, исто така има прострелни рани, но е полесно повреден и се лекува во тетовската болница.

Претходно полицијата информираше дека привела четири лица за понатамошна постапка. Истражните органи, како што дознаваме, вршеле увид на местото на убиството во текот на целата ноќ. Притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Пукањето се случи на улицата каде што е седиштето на ДУИ, а во близина има и објекти на познати тетовски бизнисмени. На пукањето му претходела расправија меѓу две групи, која потоа прераснала и во оружена пресметка.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) со соопштение до медиумите ги демантираше информациите дека во нејзиното седиште во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски