Уште шест новозаболени од коронавирусот, двајца се од Кавадарци

Од:

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Освен овие шест лица, денеска од Ковид-19 беа дијагностицирани уште тројца, една пациентка која патувала во Србија, друга пациентка е бабата на 4-годишното девојче од Штип и има уште пациент од Скопје.

Министерот за здравство информираше дека со цел побрзо детектирање на вирусот, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории, на Институтот за јавно здравје и болницата „Жан Митрев“.

Сите пациенти се со лесна или средна клиничка слика, рече Филипче.

Во критична состојба е првата пациентка од Дебар која беше заразена од коронавирусот и истата е на апарати за дишење.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките