Уште едно македонско возило оштетено во Грција

Од:

Нов случај на оштетување возило пријавил македонски државјанин кој престојувал во Грција со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 56.

Како што соопшти МВР, на граничниот премин Богородица, вчера, Ј.М. од Богданци кој управувал со товарното моторно возило „Ман” со гевгелиски регистарски ознаки, пријавил дека во село Евзони му била оштетена кабината. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Од досега пријавените оштетувања на моторни возила во Грција, 40 се кражби на регистарски таблички. Притоа, во 28 случаи на возилата им се украдени двете таблички. Во однос на оштетените возила, бројката достигна 16. Од сите случаи, 36 се пријавени и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба или оштетување на моторно возило е 30, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски