Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Од:

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по 48 минути после полноќ во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион. Најсилниот беше почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија