Уште еден софиски чиновник обвинува дека сме ги мразеле Бугарите

Од:

Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија и поранешен советник на претседателот Жељу Желев, како и долгогодишен амбасадор во голем број европски земји, Стефан Тафров, во коментар за Бугарската национална телевизија изјави дека односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не можат да се засноваат на омраза.

Тафров, кој е висок член на Демократска Бугарија задолжен за надворешна политика и европски прашања, исто така посочува дека „треба да можеме да разговараме и да се разбираме, затоа што Бугарија беше прва во светот што ја призна Република Северна Македонија како држава “.

Според Тафров, Бугарија е многу изолирана во ЕУ на оваа тема и тоа е вистината. Бугарската позиција е погрешно разбрана и претседателот Румен Радев јасно покажа дека Бугарија е во дипломатска изолација по ова прашање, и според Тафров, тоа се факти.

Демократска Бугарија сака да создаде патоказ со конкретни мерки што се мерливи. Во моментов, бугарската позиција е сведена на емотивни формулации, коментира Стефан Тафров.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк