Уште еден слаб земјотрес регистриран во Скопје

Од:

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2.1, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје, регистриран е вечерва во 18 часот и 4 минути. Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 1.9 беше регистриран и попладнево во 16 часот и 28 минути, исто така во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресите се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија.

Ова е втор земјотрес регистиран денеска, откако првиот беше со јачина од 1.9 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција