Триесет и петгодишен Сириец починал синоќа откако во него удрил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија.
Несреќата се случила околу 19 часот пред влезот на железничката станица во Демир Капија, инфомира МВР.
Ова е шеста железничка несреќа овој месец во која жртви се мигранти, кои од Грција преку Македонија се обидуваат да заминат кон западна Европа.