Уште еден член на Левица на суд: Фотографирал пред избирачко место

Од:

Против членот на политичката партија Левица, Коста Карев, поднесена е кривична пријава, информираат од партијата и додаваат дека основа за кривичната било тоа што Карев фотографирал луѓе во автомобил пред избирачко место во Гевгелија.

„По кривичните постапки против нашите членови Здравко Савески и Мариглен Демири, сега и против Коста Карев е поведена кривична постапка. Тој е обвинет за злоупотреба на лични податоци по член 149, ст.1 од Кривичниот законик. Кое е неговото злосторство? Дека за време на локалните избори фотографирал луѓе што седеле во автомобил пред избирачкото место 0340 во Гевгелија со списоци во кои евидентирале кој бил да гласа, а кој не. Го сликал и полицаецот што го легитимирал и тоа го објавил на ’Фејсбук’. Поради ова „злосторство“, тој утре треба да се појави на суд!“, велат од партијата преку соопштение до медиумите.

Левицата додава дека Карев и партијата се бореле против злоупотребата на институциите од страна на претходната власт, па прашуваат дали ова го добиваат оние што не сакаат да се продадат и кои им останале верни на принципите.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он