Уште еден чекор кон прогласување дел од Шар Планина за национален парк – законот оди во Собранието

Од:

Владата на денешната 58 седница го утврди конечниот текст на Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.

Основна цел на ова законско решение, како што информираат од владината прес-служба, е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски