Уште две лица соработници со тајните служби, лустрирани и двајца наредбодатели

Од:

Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи две лица за соработници со тајните служби, а две лица за наредбодатели и корисници на информации. Еден предмет е целосно отфрлен, а за останатите се оставени за дополнителни сознанија. Како што соопшти портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски, на дневен ред биле единаесет предмети.

Еден од соработниците е поранешен носител на јавна функција, професор на Педагошкиот факултет во Битола и долгогодишен секретар на Друштвото за наука. Тој во 80-тите години бил евидентиран за соработник на поранешните тајни служби под псевдоним „Мисирков“, и ги кршел основните човекови права и слободи од идеолошки и политички причини. Ги известувал тајните служби за настапи на личности од областа на издавачката дејност, литературата и културата од позиции на македонски и албански национазлизам и сепаратизам.

Другиот соработник е поранешен пратеник и директор на Стоматолошките клиники во Скопје. Тој во 80-тите години бил евидентиран како оперативна врска, а ги прекршувал основните човекови права од идеолошки и политички причини на свои блиски соработници од клиниките.

Едниот од двајцата наредбодатели, бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи, а потоа и заменик-јавен обвинител додека другиот бил републички секретар за внатрешни работи и окружен јавен обвинител, а во периодот на плурализмот и член на антикорупциската комисија.
Тие како наредбодатели ги прекршувале човековите права и слободи од идеолошко- политички и партиски причини, издавајќи наредби за следење на движењата и комуникациите на лица осомничени за настапување од позиции на македонски и албански национализам и сепаратизам.

Нивните сомневања не биле потврдени во законски утврдена процедура, а инидикативно е што ги прекршувале човековите права и слободи на малолетници средношколци, со што се прекршувани меѓународни декларации. Како што појаснуваат од лустрациска, се работи најчесто за вербален деликт, а некои од учениците, на пример, станувале предмет на оперативна обработка поради бојкот на часови по македонски јазик започнат заради намалување на часови по албански јазик.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска