Уште денеска аплицирање за електронска здравствена картичка

Од:

Барањата за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) ќе можат да се доставуваат и денеска. Сите подрачни служби на Фондот низ државата ќе работат во период од 07:30 до 19 часот, соопшти ФЗОМ.

Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто осигурениците ќе може да достават барања од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.

– Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство