Уште два дена мандат има претседателот на Уставен – се избира наследник на Ивановски

Од:

Уставниот суд најдоцна за два дена, односно до петок, треба да избере нов претседател откако на Никола Ивановски мандатот му истекува на 1 ноември. Ивановски за „А1он“ потврди дека денеска почнала седницата за избор, но дека ќе продолжат утре кога може да се очекува да биде избран негов наследник.

„Денеска ја почнавме седницата, продолжуваме утре“, рече Ивановски за „А1он“. Претходно портпаролката Оливера Филиповска нè насочи за деталите да разговараме со генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов, бидејќи за такви информации бил задолжен тој. Лазов, пак, не беше достапен да ѝ одговори на јавноста.

Она што е извесно е дека за претседател нема да биде избран Ивановски бидејќи тој нема право на уште еден мандат, исто како и Елена Гошева, која беше претседателка пред него. Исто така, извесно е дека судијата Владимир Стојановски не може да биде избран на челната функција на судот бидејќи за шест месеци, односно во април, му истекува мандатот како уставен судија и се враќа во Врховниот суд.

Судијата Јован Јосифовски, кој за пошироката јавност е најпознат по функцијата претседател на Државната изборна комисија, според информациите на „А1он“, е тешко да се најде на листата со фаворити за избор на оваа функција.

На зградата на Уставниот суд сè уште стојат боите од шарената револуција

Никола Ивановски беше судија известител по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на измените на Законот за помилувањето од 2009 година, со кои на Ѓорге Иванов му се забранува да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофилија, трговија со дрога и дела против човештвото. Ивановски експресно го стави предлогот на дневен ред на седницата, што правниците го оценија како најбрзо донесената одлука во историјата на Уставниот суд.

Потоа, судиите со мнозинство гласови ги укинаа измените на законот и повторно му овозможија на претседателот на државата да помилува лица за изборни нерегуларности. Укинувањето на овие членови од законот беа увертира во одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување 56 политичари и нивни соработници.

Повеќето од уставните судии се избрани во време на парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Дел од јавноста, токму поради тоа, го перципираше Уставниот суд како близок до тогашната власт.

Уставниот суд во мандатот на Ивановски сепак никогаш не одлучи за иницијативата за уставност за Законот за СЈО. И покрај силниот притисок тоа да биде прогласено за противуставно, овој суд никогаш не расправаше за иницијативата и со тоа не го попречи нормалното функциоирање на ова обвинителство.

Уставните судии треба да го изберат претседателот со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање, а секој судија може да предложи кандидат за претседател. Предлогот го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број судии.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите