А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Уште 14 дена самоизолација за граѓаните по државниот карантин

by А1он06/04/2020 - 17:13571
Share0

Препораките кои се од стручни луѓе од епидемиолозите е дека лицата кои доаѓаат од странство треба да останат во државен карантин 14 дена, меѓутоа треба дополнително да бидат во самоизолација во домашни услови уште 14 дена од едноставна причина – заради тоа што биле во колективни центри за државен карантин.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова е одговорот од премиерот Оливер Спасовски на новинарско прашање зошто е препораката за граѓаните кои доаѓаат од странство покрај државниот карантин од 14 дена, да останат во изолација дополнителни 14 дена кога ќе се вратат дома.

– Одлуката на Владата  за државниот карантин е една од најисправните одлуки во справувањето заради тоа што на тој начин придонесуваме да се прекине ширењерто на вирусот и не ги ставаме во ризик ниту оние луѓе кои допатувале од ризични држави, ниту граѓаните што се наоѓаат во нашата земја. Затоа се определија центрите за државен карантин, појасни премиерот Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали е доведено во прашање функционирањето на Инфективното одделение во Штип, рече дека тамошниот случај потекнува од пациентка од која првиот брис е со негативен наод, а се позитивизира неколку дена потоа.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Добро е што луѓето кои се во самоизолација досега немаат пројавено симптоми и целосно е надополнета работата на одделението во Штип прво со ротација на осум медицински сестри од останатите оддели и со докторка што доаѓа од болницата во Струмица, рече Филипче.

Во однос на третманот на пациентите со инфективни болести, според министерот Филипче, тоа е практично третман идентичен со пациент што лежи на интерно одделение, а сите во болницата имаат соодветна заштитна опрема.

– Во светот, за жал и кај нас имаме заразени здравствени работници, тие имаат непосреден контакт со пацинетите и изложени се на најголемиот ризик, но во смисла на организација на одделението, исто како што е сега примерот во Куманово, исто како што е се постапи и во болницата во Дебар и исто како што сега се прави ротација на кадарот на Инфективната клиника, а во периодот што следи и во болницата „8 Септември“, пред се во одделенијата за интензивна нега постои рапоред според кој ротираат лекарите под контрола на двајца координатори, што тоа го прават на национално ниво имајќи го предвид искуството на кадарот, системот на едукација низ кој поминуваат за да работат согласно препораките на СЗО со пациенти  што се дијагностицирани со коронавирусот практично од сите ЈЗО, појасни министерот за здравство Филипче на денешната прес-конференција.

karantinkoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео