УСАИД поттикнува соработки меѓу македонски микро и мали компании

Од:

Денеска, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од регионите Пелагонија, Југозападен, Источен, Североисточен, Полог и Скопје, што се одржа во Центарот ЦЕЕД во Скопје.

Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во Проектот. На вакви бизнис средби, тие имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата на УСАИД за економски развој, изјави: “Вмрежувањето е многу важен сегмент во бизнисот. Денеска ќе сретнете претприемачи од други делови на земјата, ќе размените искуства и идеи, ќе сретнете потенцијални партнери. Релациите што ќе ги воспоставите сега можеби ќе ги сметате за привремени, но нашето искуство покажува дека е голема можноста да се развијат во продуктивни, долготрајни бизнис релации.”

Анета Дамјановска, координатор на Националната програма, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија изјави: “Живееме во време кога препораките се многу важни за водење бизнис. Вмрежувањето игра главна улога во воспоставувањето контакти што ќе ви помогнат да го забрзате и одржите успехот. Затоа создавајте релации и негувајте ги.”

Настаните за вмрежување се една од главните активности на Проектот за поттикнување на продажбата меѓу претприемачите од различни делови од Македонија. На настани како овој, учесниците создаваат нови релации и воспоставуваат соработки.

Започнат од УСАИД во јули 2011 година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3,079,400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството