А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УСАИД организира Трета Меѓународна Конференција за Климатски Промени во Скопје

by А1он03/02/2017 - 14:27163
Share0

Повеќе од 150 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни експерти, носители на одлуки, граѓански организации од земјата и регионот, научници и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој и претставници од приватниот сектор се состануваат денес за да се договорат за заедничките следни чекори за справување со климатските промени на Третата Меѓународна Конференција за Климатски Промени во Скопје организирана од УСАИД.

Добивај вести на вибер

„Три-дневната конференција (3-5 февруари), која се одржува на Универзитетот ФОН, е организирана од проектот на УСАИД за Општински Стратегии за Климатски Промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. Целта е да се овозможи дискусија за клучни прашања поврзани со климатските промени, да се стимулира вклучување на дискузија за климатските промени во процесите за развојно планирање и донесување одлуки на локално ниво, како и да се изнајдат нови начини за унапредување на урбаната отпорност кон климатските промени“, соопштуваат од УСАИД.

Од таму информираат дека ќе воспостават регионални врски на соработка за заеднички активности за унапредување на отпорноста кон климатските промени во државата и регионот.

„Освен тоа, на оваа конференција ќе бидат објавени резултатите од примената на партиципативниот метод „Зелена Агенда“ за развојот на десет локални општински стратегии за климатски промени, како и ќе се промовира неговата примена во регионот. Како признание за важноста на научниот пристап кон климатските промени, годинешната конференција, во соработка со универзитетот ФОН, ја вклучува улогата на науката во дебатата за климатските промени, преку одбрана на научните откритија за климатските промени и нивната практична примена“, стои во соопштението на УСАИД.

„Исто така, конференцијата има за цел да го забрза процесот на развој и имплементација на усогласените чекори за намалување на јаглеродните емисии, споменати на светскиот климатски самит COP22 во Маракеш. Носители на одлуки, организации од граѓанскиот сектор, претставници од јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи го и Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, Националната Агенција за Енергетика, Центарот за Управување со Кризи, Управата за Заштита и Спасување, претставници од министерства и локални власти ќе одржат континуиран дијалог за интегриран пристап и координирано дејствување за поддршка на Парискиот договор во текот на три-дневниот настан.

Со оваа конференција се одбележува успешната реализација на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Започнат во 2012, проектот имаше про-активен пристап во прилагодувањето кон климатските промени, кој дава приоритет на стратегии базирани на локални потреби. Се работеше заедно со локалните власти, граѓаните и граѓанските здруженија на изработка на ефикасни, локално создадени и во локална сопственост стратегии за намалување на јаглеродните емисии и унапредување на адаптацијата. Имплементирани се вкупно седумнаесет капитални мерки, во десет партнер општини, кои ќе им помогнат на најранливите жители да ја зголемат отпорноста кон климатските промени. Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, овој проект го зајакна граѓанското општество со поттикнување на граѓански активизам и со зголемување на заложбите на заедницата здружено да делува за прашања од заеднички интерес“, велат од УСАИД.

usaid

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 14:06

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Горан Наумовски24/03/2025 - 22:02

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Горан Наумовски17/03/2025 - 22:52

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја

Горан Наумовски12/03/2025 - 14:35

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Горан Наумовски03/03/2025 - 08:18

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Катерина Ѓуровски24/02/2025 - 08:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен