УСАИД ќе ја засилува меѓуетничката кохезија меѓу младите во Струмица

Од:

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во кој општина Струмица е вклучена како пилот општина со четири основни и едно средно општинско училиште, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски оствари средба со тимот на Проектот.

Програмскиот директор на Македонскиот центар за граѓанско образование, Небојша Мојсоски го запозна градоначалникот за петгодишната иницијатива која ќе се спроведува во партнерство со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции, како и сите општини и училишта во Македонија.

Главна цел на Проектот е зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања, а училиштата коишто покажуваат посветеност и активно учество во Проектот ќе бидат наградени со поддршка за реновирање на училиштата преку Европската команда на Армијата на САД.

Преку програмата за мали грантови, Проектот ќе поддржи активности кои придонесуваат за интеракција и соработка, а истовремено и за развивање на демократски вредности кај младите од различни етнички заедници. Како дополнителен стимул за училиштата и заедниците да учествуваат во вакви активности, преку програмата за реновирање на училишта ќе се подобри средината за учење во училишните објекти. Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД). Имплементатор на проектот е Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје.

Градоначалникот Јаневски, истакна дека Општина Струмица има добри практики во реализацијата на проектни активности од областа на меѓуетничката интеграција и дека преку формираната комисија за планирање, реализација и следење на активности за меѓуетничка интеграција во образованието во овие процеси се вклучени сите основни и средни општински училишта.

Јаневски потврди дека тој и Советот на општина Струмица како и досега ги прифаќаат сите иницијативи и предлози за подобрување на условите за воспитно-образовната дејност и дека Општина Струмица како партнер во овој проект ќе обезбеди соодветна финансиска и логистичка поддршка за реализација на проектни активности од значење за меѓуетничката интеграција на младите во образованието и реновирање на училиштата основани од Советот на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија