А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УСАИД: Јавноста не е свесна за сите можности за заштита од дискриминација

by А1он02/07/2013 - 13:25181
Share0

Јакнење на свеста кај граѓаните за сите видови на дискриминиација и можностите кои ги нуди системот за заштита, поголема активност на невладиниот сектор, зајакнување на механизмите за следење дали физичките и правните лица кои извршиле дискриминација ја отстраниле направената повреда, како и зајакнување на улогата на Комисијата за заштита од дискриминација, се дел од препораките произлезени од проектот на УСАИД за граѓанско општество за анализа на практичната примена на Законот за заштита од дискриминација.

Добивај вести на вибер

Во рамки на проектот биле набљудувани Комисијата, Основниот суд Скопје 2 и судот во Тетово, во период од шест месеци од 15 ноември до 15 мај.

– За овој период беа поднесени вкупно 43 претставки пред Комисијата за заштита од дискриминација по различни основи. Забележително е што граѓаните во најголем дел поднесуваат претставки за дискриминација кога се дискриминирани на работно место односно за мобинг. Пред судот заведени се девет постапки и сите беа по основ на мобинг. Тоа значи дека мора да се работи на подигање на свеста кај граѓаните дека можат да поднесуваат претставки и тужби по сите основи на дискриминација кои се содржани во Законот, рече Александра Тасевска, адвокат и соработник на Македонскиот центар за женски права Шелтер центар.

Според неа, направената анализа покажува дека граѓаните треба да се охрабрат и да им се објасни дека не е дискриминација само на работно место, туку дека таа може да биде направена по многу други основи.

Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски смета дека покрај јакнењето на јавната свест на граѓаните е потребно да се зајакне и улогата на оваа Комисија, што, како што истакна, дополнително ќе ги мотивира граѓаните да пријавуваат дискриминација.

– Треба да се популаризира Комисијата за да можат граѓаните да се охрабруваат и да поднесуваат претставки, рече Миновски.

Додаде дека е потребна и добра соработка со судиите кои треба да бидат сензибилизирани по однос на поднесните тужби за дискриминација, за што, како што посочи, веќе бл потпишан Меморадндум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Ваквите проекти, според Миновски, се добра можност да се согледа каде се слабостите на системот и тие во наредниот период да се отстранат.

Од почетокот на работата на Комисија како што рече Миновски во текот на правата година биле поднесени 60 претставки, во текот на 2012 75 и во првата половина од годинава 48 претставки.

– По 12 претставки е дадено мислење дека има дискриминација. Од нив во 11 од случаите дискриминаторите го уважиле нашето милење. за еден случај во моментов се води судска постапка, рече Миновски.

Посочи дека претставки за дискриминација има по повеќе основи и оти сепак, поради малиот број, не може да се генерализира за што во најголем дел се однесуваат претставките.

usaid

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 14:06

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Горан Наумовски24/03/2025 - 22:02

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Горан Наумовски17/03/2025 - 22:52

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја

Горан Наумовски12/03/2025 - 14:35

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Горан Наумовски03/03/2025 - 08:18

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Катерина Ѓуровски24/02/2025 - 08:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен