Урнат летниковец и искршиле опрема на детско игралиште во Струмица

Од:

Непознати сторители синоќа урнале летниковец поставен покрај станбени објекти на улицата „Младинска“ во Струмица, во близина на ОУ „Никола Вапцаров“, соопштија денеска од ЈПКД „Комуналец“.

Покрај урнувањето на летниковец мета на вандалите била и опрема во Детското игралиште во Градскиот парк во Струмица.

– Ваквата општествена неодговорност и чин на вандализам не води никаде. Неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани повторно да ја уништат. Апелираме до граѓаните да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот, апелираат од ЈПКД „Комуналец“.

Инаку, од почетокот на годината се евидентирани голем број уништувања на урбана опрема во центарот на градот, посебно на Плошадот „Гоце Делчев“, каде беа искршени огромни жардинерии за цвеќе.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски