Уредникот на „Канал 5“ имал контакт со заразено лице од коронавирус во неговата фамилија

Од:

Уредникот во телевизијата „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој е заболен од коронавирус, во неговата блиска фамилија имал член кој бил позитивен на Ковид-19, потврди директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.

Тој во последниот викенд од претходниот месец бил во Прилеп кај неговото семејство, а по три дена, откако се вратил, ги интервјуирал прво лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Споменатото лице е хоспитализирано во ‘8 Септември’ каде е потврден позитивен наод на коронавирусот. Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, а новинарот имал контакт со тој член на неговата фамилија. За детални информации, кој и каде ќе биде ставен во самоизолација, ќе биде донесена одлука откако ќе заврши епидемиолошката анкета која е во тек“, рече Бухова.

„Канал 5“ веќе објави дека Михајловски по враќањето од Прилеп, продолжил со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми. Првите симптоми , според телевизијата, кај колегата Михајлоски се појавиле по шест дена, односно на 5 април. Михајловски почувствувал изнемоштеност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место. Дотогаш, како главен и одговорен уредник на телевизијата, имал контакти со речиси сите новинари, односно репортери.

Како што дознава „А1он“ од свои извори, вработените во телевизијата и натаму чувствуваат страв поради тоа што биле во контакт со Михајловски. Дел од нив планираат да се тестираат приватно, доколку тоа не биде направено од институциите по извршената епидемиолошка анкета.

Од „Канал 5“ преку соопштение информираа дека подолг период имале воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нивните вработени.

Би можело да ве интересира

Четри нови случаи заразени и двајца излекувани од коронавирус во Кичево

Ана Ололовска

1830 активни случаи на коронавирус во Скопје, 300 во Чаир

Ана Ололовска

136 заразени со Ковид-19, починати се 6 лица

Ана Ололовска

МВР регистрира 251 прекршок за неносење маски

Ана Ололовска

Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

Ана Ололовска

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

А1он