Уредена е пристапната пашечка патека до третиот Габровски водопад

Од:

Трите водопади од Габровскиот се достапни за туристите со уредување на пристапната пешачка патека до третиот, информираа од Општина Струмица.

-Јас сум задоволен што овој проект успешно се заврши, а конкретно подразбираше градење патека во должина од 740 метри, продолжување и реконструкција на претходната патека и пробивање на нова до третиот водопад, со што е овозможен безбеден пристап до него. Изградени се и два моста и обновени неколку летниковци, рече градоначалникот Јаневски.

Овој проект се реализираше во изминатите три месеци со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој во износ од 6 милиони и 350 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица