Урбан инвест демантира дека има политичка позадина пријавата против Јакимовски

Од:

Кавадаречката компанија Урбан инвест ја демантираме вчерашната изјавата на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски дека во нивната изјава и пријавите против него има или постои каква било политичка позадина.

– Тоа го докажуваме со датата на поднесување на пријавите, која е пред датумот на истакнување на неговата кандидатура за градоначалник. Имено, на ден 4 февруари 2013 година е примена пријавата од Урбан Инвест ДОО во Државна комисија за спречување на корупција, а на 8 февруари 2013 година е примена кривичната пријава против Стевчо Јакимовски во Основно јавно обвинителство, стои во демантот од Урбан инвест.

Во него се додава дека Урбан Инвест ДОО е општествено одговорна компанија која се грижи за примена на законитоста и смета дека треба да се заштитува од можни идни повреди на истата.

„Урбан Инвест“ ДОО од Кавадарци вчера поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција против Општина Карпош и Стевчо Јакимовски, како и  кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавата се однесува за коруптивно однесување од страна на Општина Карпош и нејзиниот градоначалник во врска со доделувањето и реализацијата на договор за јавна набавка на работи Реконструкција на плато „Млечен ресторан“, при што, посочуваат, е повреден Законот за спречување на корупцијата. Во соопштението се појаснува дека „Урбан Инвест“ учествувал во постапка спроведена од Општина Карпош за доделување договор за јавна набавка на работи Реконструкција на плато „Млечен ресторан“, во која учествувал и друг понудувач кој бил избран согласно критеруимот најниска цена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов