Управниот суд уважи една од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори

Од:

Управниот суд уважи една од поднесените 28 тужби против приговорите на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето и сумирање на резултатите од првиот круг од локалните избори.

Управниот суд одлуките за сите 28 тужби, што ги донесоа судечките совети, ги објави на својата веб страна.

Управниот суд уважи една тужба од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласање на избори за членови на Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2461 во општина Сарај.

По добивање на одлуката од Управниот суд ДИК треба да се изјасни дали прегласувањето во ова избирачко место ќе има влијание врз изборниот резултат и дали врз основа на тоа ќе има прегласување на ова избирачко место во Сарај.

Одлуките на Управниот суд се конечни.

По одбиените приговори до ДИК, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе 24 тужби до Управниот суд, а по една поднесоа и ТМРО, Левица и Алијансата за Албанците.

По тужбите на партиите одлучуваа пет судечки совети составени од по пет судии, избрани по пат на жрепка. Управниот суд дел од одлуките ги објави во текот на вчерашниот ден, но поради проблеми со ИТ- системот, како што беше соопштено од судот, останатите 12 одлуки беа објавени ноќеска.

На 29 октомври ќе се одржи вториот круг од локалните избори за избор на градоначалници во 35 општини.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори