Управниот суд објави одлуки за 16 одбиени тужби за првиот круг од локалните избори

Од:

Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби од политичките партии поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори.

До 18 часот на веб-страната на судот објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани. Четиринаесет од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Според информациите од Управниот суд, одлуките за поднесени тужби од партиите постепено ќе се објавуваат преку АКМИС системот на веб – страната на Управниот суд.

По тужбите на политичките партии одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка.

Вториот круг од локалните избори кои треба да се одржат во 35 општини е закажан за 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ