Управниот суд не прифати ниту една од денес разгледуваните тужби на политичките партии

Од:

Управниот суд ја одби и тужбата поднесена од МОРО – Работничка партија, информираат за МИА, од Судот. Ова беше последната тужба за денеска за кој беше одржана јавна седница во Управниот суд.

– Управниот суд ја информира јавноста дека закажаната јавна расправа по тужбата поднесена од МОРО-Работничка партија е завршена и изреката на одлуката со која тужбата се одбива и се потврдува Решението на Државната изборна комисија е јавно соопштена на овластениот претставник, соопштија од Управен Суд.

Претходно, овој Суд ги одби како неосновани сите 101 тужба поднесени од Левица, 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, односно тужби поднесени против решенијата на ДИК, од страна на Социјадемократската Унија и политичката партија Демократи.

За утре се закажани и последните јавни расправи за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Еднинствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Управен суд: Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана

Управниот суд ја поништи одлуката за изборот на уставниот судија Елизабета Дуковска

Горан Наумовски

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“