Управниот суд ги одби сите тужби од Левица

Од:

Управниот суд ги одби и последните 23 тужби од Левица, откако претходно денеска истото го стори и со останатите 78 тужби од ова партија, информираат од Судот. Со оваа одлука Управниот суд ги потврди одлуките од Државната изборна комисија и ги одби сите 101 тужба од Левица.

Тужбите на Левица поднесени до Управниот суд се разгледуваа на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.

Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократската унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд закажи јавни седници за утре.

Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

– Заклучно со 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: За ваков Изборен законик не беше постигнат консензус, Левица ќе го блокира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната

А1он