Управниот суд ги одби сите 185 тужби од партиите за изборите и ги потврди решенијата на ДИК

Од:

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија, откако денеска ги разгледа и одлучуваше и по последните четири тужби.

– Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувано. ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и се потврдени решенијата од ДИК, изјави денеска Ивана Смугреска од Управиот суд.

Пресудите коишто ги донесе Управниот суд се конечни, односно како што појасни Смугреска, против истите се нема право на жалба.

– Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите истите веднаш се доставуваат до ДИК и до тужителите, односно до партиите. Роковите сега течат, не од понеделник, изјави Смугреска.

Појасни дека судечките совети нашле дека тужбите се неосновани, односно се судело врз основа на Изборниот законик, одредбите во Изборниот законик, така што во тужбите не може да се предлагаат нови докази, нови околности.

– Може да се предложат истите докази, факти и околности коишто биле предложени пред ДИК, тоа е предвидено во Изборниот законик, така што Управниот суд постапува во рамките на своите законски надлежности и нашол дека тужбите се неосновани, изјави Смугреска.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ