Управителот на „Беса Транс“ ќе одговара за фалсификување извод од лиценца за меѓународен превоз на патници

Од:

Управителот на „Беса-Транс“ фирмата чија автобус се запали минатита година во ноември на автопатот Струма во Бугарија и загинаа 45 лица од кои 12 деца е обвинет за фалсификување исправа. За истот дело се товари и „Беса -Транс’.

– Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини се вели во соопштението од Обвинителството.

Од Обвинителството информираат дека прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.​

Автобус на „Беса Транс“ на враќање од Истанбул се запали и изгоре на автопатот Струма во Бугарија на 23 ноември минатата година, загинаа 45 патници. Меѓу загинатите имаше 12 деца, а седуммина ја преживеаја несреќата.

Би можело да ве интересира

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Горан Наумовски

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он

Пресудата за „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

Завршни зборови за „Беса Транс“ на 17 јануари

A1on