Управен суд: Нема ништо спорно во финансиската поддршка на Владата за здруженија и фондации за справување со Ковид-19 кризата во предизборието

Од:

Управниот суд на вчерашната седница ја уважил тужбата на Генералниот секретаријат на Владата и ја поништил одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како неоснована. Со ова, приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесен од Игор Јанушев до ДКСК е одбиен како неоснован.

Оваа одлука на Управниот суд доаѓа по поднесениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во врска со објавениот „Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со КОВИД-19 кризата“, и со потпишување на договори за финансиска помош за исплати на средства од буџетот во период на изборна кампања за предвремени избори.

Во образложението на Управниот суд  во врска со отфрлањето на одлуката на ДКСК и на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ се наведува дека во конкретниот случај се извршило исплата на средства од Буџет на РСМ, за кое нешто биле донесени одлуки и Програма за давање на финансова поддршка, во вонредна состојба, а исплатата претставувала само реализација на овие одлуки и програми, видно од приложените договори, и дека е ирелевантно дали исплатата е направена пред изборите од 15 јули 2020 година.

Целта на извршување на договорите, образложува Управниот суд, е пред сѐ давање помош на тие кои им е потребна, финансова поддршка заради постоење на светска криза заради пандемијата од КОВИД-19 за што биле приложени докази дека се испочитувани сите процедури од страна на Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, а датата на исплатата не е спорна за судот, односно пораното исплаќање значи побрза финансова помош во условите на пандемијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито