УПОЗ: Итна и неотповиклива оставка на Живко Митревски поради Меморандумот со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Синдикатот на УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од Живко Митревски, во спротивно ќе бара негово отповикување.

Без одлука на Претседателството или Советот на ССМ, претседателот Живко Митревски, злоупотребувајќи ја својата позиција потпиша Меморандум со ВМРО-ДПМНЕ, што е во спротивност со Статутот и Програмата на ССМ, велат од УПОЗ

Еве го ставот на УПОЗ:

Синдикатот на УПОЗ најостро реагира на штетниот и дрзок чин на Живко Митревски, кој за свои потреби и лични привилегии, го турка синдикатот во партиски канџи.
Без консултации, самоволно, тој на своја рака го потпишал Меморандумот за соработка со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
За вакво вртење на курсот и занемарување на заложбите на синдикатот да ги штити правата на работниците, а не на партиите, мора да одлучи и заседава Претседателството и тоа со консензус, а не со надгласување или Советот на ССМ како највисок орган.

Да биде иронијата поголема говори и податокот што, само неколку дена претходно, Живко Митревски на членовите на Советот им испрати известување во кое им укажува и ги лаже дека е донесена Одлука со која се става своевиден мораториум на сите активности во ССМ. Со тоа како што стои во известувањето ССМ ќе ја промовирал својата непартиска, недржавна, автономна позиција, без да се вклучува во никакви политички процеси, преговарање или агитирање. Тој дури и се заканува со преземање на “своевидни мерки за нивно санкционирање вклучително и кривични постапки”. Ние сме за борба за работничките права, но не и за политичко агитирање и инволвирање. Ние до партиите имаме конкретни барања, а секој наш член самостојно ќе одлучи за кого ќе гласа.

Митревски, Вие ја злоупотребивте функцијата претседател на ССМ и затоа бараме веднаш Ваша неотповиклива оставка, затоа што Вие не се борите за работниците, туку за вашите лични интереси.

Еве зошто Синдикатот на УПОЗ бара неотповиклива оставка или отповикување на Живко Митревски и што пишува во членот 17 од Статутот на ССМ “Точка 1:
На претседателот на ССМ, секретарот и потпреседателите на Советот на ССМ и другите носители на функциите, функцијата им престанува со:
• разрешување;
• поднесување оставка;
• со отповикување од својство на член на органот во кој ја врши функцијата.

Точка 7. Отповикувањето на членот на органот на ССМ предложен од страна на синдикатите се врши во согласно статутот на Синдикатот.
Отповикувањето може да биде иницирано и на предлог од органот на ССМ од Синдикатот.
Точка 8. Отповикувањето од точка 7 се врши во следниве случаи:
• ако дејствува спротивно на Статутот и Програмата на ССМ;
• ако во ССМ и Синдикатот дејствува од партиски позиции;

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ