Полицијата изутрината беше во нова акција за целосно расчистување на криминалот направен од Јован Врнишковски. Приведени се десетина лица сите блиски соработници на Вранишковски, а недостапни се Марко Кимев и Давид Нинов, кои се претставуваа како владици во неговата црква.
Полицијата привела и блиски роднини на Вранишковски, но и монахинјата Олимпијада и повеќе следбеници на ПОА. Сите се осомничени за кривичното дело „перење пари“ зашто со парите, што нелегално ги стекнале, се обидувале да купуваат имоти во Скопје и во Штип.