Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид го одбележува светскиот ден на учтелот

Од:

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се приклучува кон одбележување на Интернационалниот ден на учителот, 5 Октомври кој УНЕСКО го одбележува уште од 1994 година.

Следејќи го трендот на подобрување на статусот на својот образовен кадар, УИНТ може да се пофали со редица домашни и странски реномирани професори. Дел од нив престојувале на најдобрите светски универзитети, учествувале на значајни меѓународни конференции и објавувале во релевантни научни списанија.

Како дел од одбележувањето на Интернационалниот ден на учителот, Ректорот на УИНТ, г. Марина, одлучи да издвои тројца професори на кои ќе им додели особена благодарница. Проф. Дијана Цапеска – Богатиноска, проф. Јане Бакрески и проф. Иван Бимбиловски, веќе години со ред добиваат најдобри резулатити на внатрешните евалуации, а и тројцата се водечки во своите иновативни пристапи при работата со студентите. Тие се всушност и првите кои ќе го добијат ова признание, а УИНТ трендот на одбележување на овој ден ќе го продолжи и понатаму.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски