Универзитетот „Св.Климент Охридски“ ги утврди конкурсите за упис на втор и трет циклус студии

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска ги утврди конкурсните услови и квотите за упис на студенти за втор и трет циклус студии, познати уште како магистерски и докторски студии.

По завршувањето на седницата на ректорската управа, проректорот за настава Сашо Атанасоски изјави дека Министерството за образование и наука во целост го прифатило концептот и условите за организирање и реализирање на втор и трет циклус студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ за претстојната академска година.

– Во втор циклус студии нудиме широка лепеза од 68 студиски програми и 16 програми за специјалистички стручни студии. Квалитетот на студиските програми е традицијата на Универзитетот и искуството на наставниот кадар изградени во изминатите 34 години кои кореспондираат со современоста и европските високобразовни стандарди, посочи Атанасоски.

Во новата академска година Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе овозможи упис на 17 студиски програми за 127 кандидати кои ќе се одлучат за трет циклус студии или познати како докторски студии. Првиот уписен рок почнува на 15 август кога започнува целиот процес на уписни политики на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ за прв, втор и трет циклус студии.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши