Универзитетот на ЈИЕ во Тетово ја претстави новата понуда на студиски програми

Од:

Систем на туторство и три специјалистички едногодишни мастер студии интегрирани со практика се новините на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово што денеска на прес-конференција ги најави ректорот Замир Дика.

Тој истакна дека од оваа академска година се воведува системот на туторство за секој студент што ќе се запише на универзитетот, а на секој факултет најмалку по еден предмет ќе биде предаван од страна на меѓународен професор.

– Од оваа академска година го воведуваме системот на туторство за секој студент што ќе се запише на универзитетот, а тоа подразбира дека секој студент ќе има определен професор во улогата на тутор или ментор што ќе поддржува студентот во постигнувањето на академските и личните искуства и ќе го советува за неговата кариера. На секој факултет најмалку еден предмет ќе биде предаван од меѓународен професор за да се продолжи со традицијата и збогатувањето на искуствата од меѓународните универзитети партнери, рече Дика.

Новитет за оваа година се три специјалистички едногодишни мастер студии интегрирани со практика.

– Тоа се менаџмент со логистика и синџири за снабдување, менаџмент на продажба и компјутерски криминал со стипендии од компаниите и германската Влада, а во соработка со германскиот експерт кој е тука да ни помогне во оваа насока, нагласи ректорот Дика.

Тој додаде дека оваа година нема да отворат докторски студии бидејќи ќе се фокусираат на квалитетот на постоечките кандидати докторанти и како што рече да го усовршат системот на докторски студии. Со нив ќе продолжат следната академска година.

За оваа академска година се очекува да се запишат 1.100 студенти на три наставни јазици. Понудата на УЈИЕ за академската 2017/2018 година е 14 додипломски студиски програми и 23 магистерски програми во склоп на петте факултети.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски