Универзална сала ќе добие нов лик

Од:

Универзаланата сала комплетно ќе се реконструира, а Владата од буџетот за таа намена веќе издвоила 400 милиони денари.

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев новиот објект ќе ги задоволи модерните стандарди за работење и престој на вработените, изведувачите и посетителите.

„Објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед заради зачувување на автентичноста. Ќе се изведе реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција, а ќе биде изграден од најсовремени енергетско ефикасни материјали“, тврди Ѓорѓиев.

Целосно ќе се реновира внатрешноста на Универзална сала со најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување на секаков вид настани. Во проектот е зацртана и изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1.500 места, но и на нова помала сала со капацитет од 100 места. Ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот.

Се предвидува конечниот нов лик Универзалната сала да го добие една гоина и пол по почетокот на работите кои се најавуваат за од следната година.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство