УНИТЕТИ ја поздравува едногласната одлука на Уставниот суд

Од:

УНИТЕТИ ја поздравува едногласната одлука на Уставниот суд за поништување на Одлуката за распуштање на Собранието и за одржување на парламентарни избори на 5-ти јуни.

Оваа одлука покажува дека парламентарното мнозинство ВМРО-ДУИ на противуставен начин го распуштија Собранието и ги закажаа изборите. Под силен меѓународен притисок и под силен притисок на домашната јавност, ВМРО нареди, а ДУИ иницираше повлекување на оваа одлука преку Уставниот суд.

Ова само потврдува дека сите државни институции но и Уставниот суд се под целосна партиска контрола. УНИТЕТИ повторно бара од партиите потписнички на Пржинскиот договор што поскоро да го имплементираат истиот како и барањата од Извештајот на Прибе, додека меѓународниот фактор одблизу да го следи имплементирањето на овие прашања и потоа да се одреди датумот за избори.

Истовремено, повторно бараме веднаш да се поништи одлуката на Иванов за колективна аболиција на властите и да се овозможи Специјалното обвинителство да продолжи со својата работа.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза