Уништено оружје и дрога во печките на „Југохром Фероалоис“

Од:

Поголемо количество запленето оружје и дрога кои потекнуваат од извршени кривични дела за кои веќе е донесена правосилна судска пресуда, денеска беа уништени во печките на комбинатот „Југохром Фероалоис“ од Јегуновце.

На оваа акција одржан по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје присуствуваа министрите за вантрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети, како и претставници од повеќе надлежни државни институции.

Јанкулоска потенцира дека ова веќе е традиционално уништување на запаленети предмети од кривични дела.

– Станува збор за оружје и наркотични дроги при што 345 парчиња оружје во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје како ловечки пушки, ловни карабини и воздушни пушки и слично. Кај дрогата се уништуваат 226 килограми марихуана, нешто над 60 килограми хероин, околу 15.000 таблети екстази и помала количина кокаин, изјави министерката Јанкулоска.

Таа истакна дека со оваа акција уште еднаш на јавен транспарентен начин се уништија оружјето и дрогата од кривични дела за кои е завршена судската постапка со правосилна судска пресуда.

– Со решение за формирање на комисијата од Министерството за правда што ја следеше целата постапка и во соработка со Агенцијата за кофискуван имот и МВР на јавен и транспарентен начин постапивме и се ослободивме од оружјето и дрогата од за кои веќе имаме правосилни пресуди. На секое следно барање на Агенцијата за конфискуван имот ние ќе формираме соодветна комисија за уништување на наркотички средства, оружје и други материјали, изјави Беџети.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР