Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ одбележа 22 години

Од:

Унијата на млади сили претставува извор на сила, енергија и кадар, кој знае да придонесе во општиот развој на државата. Тие се значајна алка во нашите заложби за постојани реформи, унапредување на процесите во земјата во секое поле и на секое ниво, за подобрување на стандардот на граѓаните, за подобра конкурентност, за можности на младите и на секој човек во државата во целина.

Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски им се обрати на членовите, симпатизерите и поддржувачите денеска, на 22-годишнината на најсилната и најуспешната младинска политичка структура во Република Македонија – УМС на ВМРО-ДПМНЕ, и нагласи дека партијата ги цени постојаните заложби да се шири и развива и да биде отворена и да го цени квалитетот на поединците.

– Пред мене гледам сила која е суштината по која сме различни од другите. Млади луѓе полни со енергија и ентузијазам, необременети со товарот на минатото, неизвалкани од времето, туку подготвени да се вложат себеси, водени од идејата да се работи, да се посвети на општото добро, да се направи нешто повеќе за сите нас, рече Груевски.

Според него, важно е да им се даде шанса на младите, на најспособните, да им се даде шанса на најдобрите, тоа е дел од успехот кога земјата ја води ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ сакаат да оспорат седум изборни победи. Тие го потценуваат нашиот народ. Треба да заклучиме дека тие не се криви никако и овие од старо-новото раководство, кои немаат зад себе ниту една реформа по која можеме да ги паметиме, туку крив е народот што поддржува режим од кој се плаши – тотално забегана ситуација. Ги слушам и не можам да им се изначудам, рече меѓу другото премиерот Груевски, потсетувајќи на историската победа на последните локални избори кога резултатот беше 58 наспрема 4 општини за ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се плаши од реалноста со која се соочува, а таа е, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека ние имаме реформи, проекти и дела зад нас, а тие само голо политиканство.

– Седнете и нешто сработотете, почитувајте го народот и не го потценувајте, престанете да бидете арогантни, му порача Груевски на СДСМ. Тој најави дека до крајот на овој месец или почетокот на идниот ќе заврши анализата за „Новиот бран 2013“.

– Јас никогаш не ви ветувам чуда, но ви ветувам напорна работа. Во Македонија воопшто не е розово, има многу проблеми и предизвици. Во Македонија е потребна силна работа и посветеност, а ние тоа го ветивме, го правиме и ќе го правиме. Решивме многу проблеми, но остануваат уште да се решаваат. Ќе продолжиме на патот на реформите и на евроатлантските интеграции, без оглед на тоа колку препреки ни се појавуаат на тој пат, нагласи Груевски.

Во своето обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов истакна дека градењето силна, просперитетна и развиена младина е колективен напор кон кој сите треба да придонесат.

– Она што се создава денес, во иднина ќе ги даде резултатите, а ние како млади луѓе имаме потенцијал да ги раздвижиме работите и храброст да ги поведеме на подобро, рече меѓу другото Спасов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски