УНИЦЕФ: Вложување во ефикасен систем за социјална заштита на сиромашни деца

Од:

Владите од регионот да инвестираат во посоодветен систем на социјална заштита на децата, побараа учесниците на конференцијата за социјална заштита на децата што се одржа во Сараево, а на која, како што информира УНИЦЕФ, учествуваше и македонската министерка за труд и социјална политика Мила Царовска.

Учесниците од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Грузија и Молдавија усвоиле повик за акција којшто дополнително ја потврдува посветеноста на земјите во регионот да го подобрат системот на социјална заштита на децата.

Министерката Царовска во своето излагање истакнала дека борбата против детската сиромаштија е приоритет број еден на Владата.

– Затоа, Министерството за труд и социјална политика започна со амбициозна и сложена реформа на системот за социјална заштита во земјата за да одговори поефикасно и да ги заштити децата и семејствата со деца од негативните ефекти на сиромаштијата, нагласила Царовска.

Според претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој од дете во здрав возрасен човек е поткопан од повеќекратните последици од детската сиромаштија. – Но, добрата вест, посочил Перкс, е дека можеме да ја смениме детската сиромаштија, ако таа стане национален приоритет.

Конференцијата во Сараево се одржуваше три дена, а ја организираа УНИЦЕФ Босна и Херцеговина со поддршка од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и канцелариите на терен на УНИЦЕФ од земјите учеснички.

Би можело да ве интересира

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Британците имаат сè помалку пари за храна и греење