УНИЦЕФ: Тројно зголемен бројот на жени и деца мигранти

Од:

Бројот на жени и деца мигранти кои поминуваат низ Македонија во последните три месеци е трипати зголемен, објави денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Според нив, секојдневно низ државата поминуваат околу 3.000 мигранти од кои една третина се жени и деца. Околу 12 проценти од жените се бремени.

Повикувајќи се на бројките од Министерството за внатрешни работи, од УНИЦЕФ посочуваат дека 80 проценти од мигрантите се од Сирија, пет проценти од Авганистан и уште пет проценти од Ирак.

– Од јуни 2015 година, повеќе од 52.000 лица се регистрирани во Прифатниот центар на границата во Гевгелија по влегувањето од Грција. Се проценува дека исто толкав број транзитираат низ земјата без да бидат регистрирани, наведува УНИЦЕФ во соопштението.

Оттаму истакнуваат дека испраќаат балони со вода од 30 илјади литри и два шатора од по 72 квадратни метри.

– УНИЦЕФ внимателно ја следи ситуацијата на терен и работи со локалните власти за да обезбеди заштита за децата, се вели во соопштенеито.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата

А1он

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

УНИЦЕФ одбележува 75 години од основањето

Ана Ололовска