ФОТО: УНЕСКО ќе ги спаси охриѓани од огромните градби кај Плаошник

Од:

Препораките кои ги испорача експертската комисија на УНЕСКО која минатата година ја разгледуваше севкупната состојба за зачувување на природното наследство во Охрид, ќе ги спаси охриѓани од огромните градби кај локалитетот Плаошник. Големиот број на комплексите, голема катност и висина на објектите, неавтентичниот изглед се само дел од забелешките кои експертската комисија ги испорача во извештајот од посетата.

Врз основа на препораките на комисијата, тим од архитекти направи комплетна ревизија на техничките цртежи на проектот, особено во поглед на големината, височината и катноста, со цел да се отстранат потенцијалните влијанија од предложените градби кои се од исклучителна универзална вредност. Одборот за основање на Свети Климентовиот Универзитет кај Плаошник треба да направи адекватни измени при имплементација на проектот.

plaosnik-oh1

Градежните активности кои се изведуваат во рамките на овој проект веќе имаат негативно влијание на визуелниот квалитет на локалитетот и на условите на неговиот интегритет. Оттука експертската комисија смета дека целиот проект треба да биде значително ревидиран – стои во извештајот.

Во генералната оценка на актуелната состојба поврзана со градежните активности на Плаошник е забележано дека обемот на предвидениот проект веќе ја надминува носивоста на локацијата, како во однос на заштита и чување на археолошките остатоци, така и во однос на визуелниот контекст. Целата област во моментот е градилиште на кое се одвиваат различни видови на активности за изградба на планираните објекти односно делови од комплексите. На секој дел од локалитетот постои одреден степен на интервенција.

plaosnik-ohrid-2juli

Редизајн на голем дел од објектите, намалување на квадратурата, висината и катовите на истите,стопирање на сечењето на дрвјата во околината при градежните активности, дополнителни археолошки истражувања, како и на отстранување на четвртиот комплекс надвор од локалитетот Плаошник се само дел од измените кои ги испорачаа експертите од УНЕСКО, а Одборот ќе мора да ги реализира.

Целиот проект околу изградбата на Свети Климентовиот Универзитет уште од самиот почеток се држеше во тајност. Во тајност се држеше и извештајот на експертската комисија, а изјавите во изминатиот период дека Република Македонија има одлична соработка со УНЕСКО и дека нема никаков проблем околу градбите кај Плаошник очигледно биле манипулација со јавноста. Дел од политичките партии, експерти како и самите охриѓани на многу пати до сега предупредуваа за обемноста на објектите и за тоа дека меѓу тие објекти ќе се изгуби еден од најубавите духовни храмови.

uneskoIzvestaj1 uneskoIzvestaj2 uneskoIzvestaj

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена