УНДП бара досега невидена поддршка за справување со Ковид-19 во ранливите земји

Од:

Растечката криза со Ковид-19 е диспропорционална закана за земјите во развој, не само за јавното здравје на краток рок, туку како сериозна општествена и економска криза во месеците и годините кои следуваат. Загубените приходи во земјите во развој се очекува да надминат 220 милијарди долари, додека речиси половина од сите работни места во Африка можат да бидат изгубени. За проценетите 55 отсто од глобалната популација кои немаат пристап до социјална заштита, овие загуби ќе се разбрануваат низ општествата, влијаејќи на образованието, човековите права и, во најтешките случаи, можноста за прехранување, сметаат од УНДП.

Според оваа организација, веројатно е дека ќе бидат преплавени кревките здравствени системи и болниците кои страдаат од недостаток на ресурси. Овој проблем може дополнително да се влоши од нагло растење на бројот на заболени, затоа што 75 отсто од луѓето во најслабо развиените земји немаат пристап до сапун и вода.

Други општествени услови може да придонесат за зголемување на товарот, како лошото урбано планирање и пренаселеноста во одредени градови, слабите услуги за управување со отпад, па дури и сообраќајниот метеж кој го попречува пристапот до здравствени објекти.

– Оваа пандемија е здравствена криза. Но, таа не е само здравствена криза. Во огромен дел од светот, пандемијата ќе остави многу длабоки рани, забележа Аким Штајнер, администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Без поддршка од меѓународната заедница ризикуваме масовно назадување на напредокот постигнат во последните две декади, како и една цела изгубена генерација, ако не во животи, тогаш во права, можности и достоинство, се вели во соопштението од УНДП.

Затоа УНДП ја повика меѓународната заедница да делува и размислува поширока од непосредните последици од Ковид-19. Организацијата ја потенцира потребата за фокусирање на три приоритетни области: ресурси за помош за спречување на ширењето на вирусот, помош за справување со самата епидемија, и ресурси за спречување на економскиот колапс на земјите во развој.

– Како итен одговор, УНДП гради врз поддршката која досега ја нудеше за Кина и други азиски земји за зајакнување на нивните здравствени системи. Ова вклучува помош за набавка на неопходни медицински материјали, употребата на дигиталните технологии и обезбедување на платите на работниците. Истовремено, УНДП ќе ги поддржува земјите да го забават ширењето на вирусот и да нудат социјална заштите за најранливата популација, промовирајќи целосходен владин и општествен огдовор кој е комплементарен на напорите на здравствениот сектор, се додава во соопштението од канцеларијата на УНДП во земјава.

На долг рок, УНДП ќе работи со земјите на проценување на општествените и економските последици од Ковид-19 и ќе превземе итни мерки за минимизирање на долгорочната штета, особено за ранливите и маргинализираните групи, за општествада да можат подобро да се опорават.

Справувањето со Ковид-19 и неговите последици ќе бара партнери кои можат да работат преку различни системи и сектори кои се воедно комплексни и непредвидливи. Со години искуство во првите борбени редови, УНДП е дизајниран токму за тоа. УНДП е целосно оперативен во 170 земји и територии и фокусиран на справувањето со Ковид-19, мобилизирајќи ги сите свои ресурси за да одговори на овој досега невиден предизвик.

Работејќи во тесна координација со Светската здравствена организација (СЗО), УНДП им помага на земјите да се спремат, да одговорат на и да се опорават од пандемијата на Ковид-19, со особен фокус на најранливите категории на граѓани. УНДП веќе работи во поддршка на здравството во Босна и Херцеговина, Кина, Џибути, Ел Салвадор, Еритреа, Иран, Киргистан, Мадагаскар, Нигерија, Парагвај, Панама, Србија, Украина и Виетнам.

Веќе е основан Фонд за брзи реакции предводен од УНДП, финансиран од постоечки ресурси и дополнителни 20 милиони долари. Овој фонд дели средства преку забрзан механизам кој им овозможува на тимовитер на УНДП да понудат итна помош во земјите, во поддршка на државните мерки за справување со кризата. УНДП предвидува дека ќе бидат потребни најмалку 500 милиони долари за да се поддржат 100 земји.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски