УМС на ВМРО-ДПМНЕ со перформанс пред Влада: Лажеа дека јазикот, историјата и идентитетот се заштитени

Од:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата со перформанс во врска со билатералниот протокол со Бугарија.

„Денес присуствувам на изложба пред Владата наречена Искреност. Најдесно од мене се гледа колку искрено експремиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ни го соопштуваше датумот за почеток на преговори со ЕУ, кој освен фото можност и купи ден продај политика не се материјализираше во ништо друго. Ги гледавме во авиони како се сликаат, на социјалните медиуми, пред граѓаните во Шуто Оризари како лажат и предаваат.

До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за јазикот, кој повторно исто како неговиот претходник искрено пред македонската јавност изјави дека јазикот е заштитен, за само по неколку дена портпаролката на ЕК и министерката за надворешни работи на Бугарија да го демантираат. Повторно само лаги и предавства. До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за историјата за која искрено тврдеше дека нема да биде дел од преговарачката рамка за потоа да видиме во протоколот кој го потпиша неговиот министер Бујар Османи дека е сосема спротивно на тоа што го тврдеше Ковачевски. Повторно лаги и предавства.

И сосема на крај е изјавата дека почнуваме со преговорите за по само неколку дена министерката Генчовска да каже прво Бугарите во Уставот па Македонија ќе ги почне преговорите. Повторно лаги и предавства. Ни останува прашањето, ако се исто толку посветени на државните интереси колку што се искрени дали на некому сè уште му е нејасно зашто македонскиот народ ги нарекува предавници?“ изјави Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски